Од денешните 4 случаи на туларемија, еден е во градска средина. Заразено е лице од Свети Николе. Епидемиолошки тимови денеска на терен прават анкета во семејствата на новозаболените. Каде се движеле, што јаделе, од каде пиеле вода, се со цел да дојдат до изворот на заразата.

Foto – Zdravstvo24
Новите случаи сите се млади на возраст од 21 до 33 години за разлика од поранешните кои беа постари и најголем број домаќинки над 45 годишна возраст.
На Клиниката за Инфективни болести на болничко лекување се две пациентки со туларемија. Едната е 21 другата 24 години. И двете според лекарите се во добра здравствена состојба.
По Каратманово каде од вчера е прогласена епидемија и водата е забранета за пиење, Агенцијата за храна и ветеринарство денеска ја забрани и водата за пиење во Арачиново каде се регистрирани 7 случаи. Жителите ќе добиваат вода од цистерни.