БЕЗ ЗИМСКИ ГУМИ НЕМА ПАРИ ОД ОСИГУРУВАЊЕ?!


Законот вели дека во периодот од 15ти ноември до 15ти март, кога коловозите се покриени со снег и лед, користењето на зимски пневматици со дебелина на шарата не помала од 4мм е задолжително. Многумина од нас од повеќе причини, сепак најчесто поради тенкиот семеен буџет, се одлучуваат да заштедат и да ја “протуркаат” зимата со летните пневматици.zimski gumi
Тука се поставуваат неколку битни прашања: Дали поради користењето на летни пневматици зимно време може да останеме без каско осигурување? Ако во снежни услови направиме сообраќајна незгода со летни пневматици, дали осигурителната компанија може од нас да ја наплати штетата која ја исплатила на сопственикот на оштетеното возило? Дали автомобилот кој користи летни пневматици во зимски услови може да се смета за технички неисправен?

Според некои анализи голем дел од возачите се свесни дека го кршат законот со тоа што зимно време возат со летни пневматици, меѓутоа малкумина од нив знаат што се случува доколку причинат или на било кој начин учествуваат во сообраќајна незгода, а притоа немаат задолжителни зимски пневматици или немаме ланци на летните? Дали во тој случај имаме право на исплата на штетата со каско осигурувањето?gume

Познато е дека со каско осигурување се надоместува штетата на автомобилот без оглед дали возачот на возилото е виновен или пак друг учесник во сообраќајот е причинител на незгодата. Меѓутоа, постојат разни ограничувања и услови, меѓу кои влегува и обврзна техничка исправност на возилото. Согласно на тоа, доколку по снег и мраз возите со летни пневматици се смета дека возилото е технички неисправно. Во тој случај со осигурувањето за автоодговорност се надоместува само штетата која вие сте ја нанеле на другите возила.

Кои сè ситуации се можни при незгода во зимски услови?

БЕЗ КАСКО ОСИГУРУВАЊЕ

Случај 1: ЈАС сум виновен, а немам зимски пневматици

Осигурителната компанија од која имате купено осигурување за автоодговорност има право од вас да ги наплати трошоците за исплата на штетата која сте ја предизвикале на другото возило по основа на осигурување за автоодговорност.

Што значи, практично сами ќе си ја платите штетата која сте ја направиле на другото возило.

Можеби никој нема да обрати внимание на Вашите пневматици, но доколку некој од одговорните (проценители на штети и сл.) увиди дека Вашето возило има несоодветни, т.е летни пневматици, тогаш треба да имате во предвид дека ситуацијата може да станее проблематична.

Случај 2: ДРУГ возач е виновен, а ЈАС немам зимски пневматици

Доколку друг возач е причинител на незгодата, неговото осигурување за автоодговорност мора да ја надомести штетата на Вашето возило, без оглед на фактот што вие сте немале зимски пневматици, т.е дека Вашето возило не било по закон технички исправно.

СО КАСКО ОСИГУРУВАЊЕ

Случај 1: ЈАС сум виновен, а немам зимски пневматици

Во овој случај осигурителната компанија има право да одбие да ја исплати штетата на Вашето возило по основа на каско осигурување, но и од вас да ги наплати трошоците за исплата на штетата што сте ја предизвикале на другото возило по основа на автоодговорност. Што значи, нема да Ви важи ниту каското, ниту осигурувањето за автоодговорност.

Случај 2: ДРУГ возач е виновен, а ЈАС немам зимски пневматици

Доколку другиот возач е виновен, Вие ќе добиете отштета, без оглед на тоа што немате зимски пневматици (или каско осигурување).

Случај 3: ДРУГ возач е виновен, а ТОЈ нема зимски пневматици

Вие повторно регуларно си добивате отштета, без оглед на тоа во каква состојба е неговото возило (со или без зимски пневматици).

Случај 4: Осигуран сум каско и, на пример, излетав од пат без учество на други возила

Постои можност осигурителната компанија да одбие да Ви ја надомести штетата доколку се утврди дека возилото нема зимски пневматици.

Заклучок

Треба да се направи јасна разлика помеѓу осигурувањето за автоодговорност, со кој се наплатува штетата нанесена на другите учесници во сообраќајна незгода, и каско осигурување со кое што се исплатува штетата на Вашето возило, без оглед на причинителот на штетата (со низа ограничувања).

Инаку на прашањето дали осигурителните компании ги проверуваат пневматиците по сообраќајната незгода, неофицијално може да се каже дека не ги проверуваат секогаш, меѓутоа доколку станува збор за некои проблематични ситуации или повисоки штети се проверуваат и најситните детали.

meteopro.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1