Безбедноста на лифтовите и вградувањето кочници да почека – Нема кој да гo преведе упатството


Безбедноста на лифтовите да почека уште една година. Нема кој да гo преведе  упатството од  2.000 страници од  аглиски јазик , за тоа како треба да се вгради уредот за заштита на неконтролирано движење на лифтот нагоре надолу. Не е прецизирана ниту постапката за ваков тип на модернизација.Padnat-lift-vo-Goce-Delcev0[1]

Новиот уред ќе ја зголеми и тежината на лифот за 30 до 70 килограми  што ќе се одрази на безбедноста. Затоа фирмите кои ги монтираат и сервисираат,  бараат  од министетвотот за економија, ова правило кое е дел од правилникот за користење на лифотвите, а  кое треба да почне да важи од први јануари догодина да биде одложено.

-Лифотвите во Македонија се увезуваат што значи дека ќе се промени и техничката слика на лифтот што бара изработка на целосно нова техничка документација. Оваа документација ќе биде различна од онаа што ја дава производителот на лифтот. Сето тоа ја усложнува постапката и го зголемува периодот на целосно имплементирање на стандардот. Затоа и се бара одлагање на примената, рече Војкан Николовски од Стопанската комора.

Воведувањето на заштитниот систем ќе значии и нови трошоци за граѓаните и фирмите. Точно колку би била инвестицијата не може да се прецизира, зошто за секој лифт би било различно.

-Трошокот ќе зависи од повеќе фактори и затоа не може да се утврди инвестицијата. Тоа зависи од големината на лифотто, староста, амортизираноста, додаде Николовски.

Во Макодонија вкупно има вградено  12. 000 лифтови,  за чие сервисирање се грижат околу 20 фирми.  Годишно се увезуваат лифтови  во вредност од 1,5 милиони долари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1