Чудесен Балкан: Овој претседател се тужи самиот себе за криминал


Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, поднесе тужба против себеси, пред надлежното обвинителство на Република Српска и на Босна и Херцеговина.

Вели дека во пријавата Милорад Додик, граѓанинот, се тужи себеси, врз основа на изнесени обвиненија против него за наводно сторени кривични дела, за кои го обвинија претставниците на опозицијата во РС._Upload_Vesti_milorad-dodik_2015112194812

Наведува во пријавата дека се што е во јавен говор наведено од кој било во РС врзано за наводниот криминал.

Сведоци на обвинението, како што вели, се Драган Чавиќ, Младен Босиќ, Вукота Говедарица и сите други кои изнесувале обвиненија против него.

„Сакам се ова институционално да се испита“, вели Додик и додава дека со тоа сака да заврши хајката против него.

„Иако ова не е вообичаено, одлучив да се тужам сам себеси, затоа што тие не поднесоа тужби, иако изнесуваа обвиненија“, вели Додик.

Тврди дека тоа ќе придонесе за стабилизација на состојбите и ќе ги поттикне и другите да го направат истото за да престане јавното озборување.

Очекува брз одговор од институциите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1