Партизанска ќе се продолжува кон Ѓорче Петров – тесните грла ќе станат минато


Продолжување и проширување на Партизанска и изградба на нов кружен тек, се во фокусот на Програмата на Град Скопје за 2016 година. Од градот информираат дека градежните работи сѐ уште не се официјално почнати, иако на терен се забележуваат градежни подготовки за старт на проектот. Се чека решавање на имотно правните односи со дел од жителите на населените места. Булеварот ќе се продолжи од семафорите во Порта Влае, па се до кружниот тек кај црквата „Св. Петар и Павле“ во Ѓорче Петров.

kruzen tek partizanska vlae
– На територијата на  Ѓорче Петров во 2016 година, посочи Трајановски, ќе се реализираат поголем број проекти, а како најважен може да се издвои втората фаза од проектот за пробивање на булеварот „Партизански одреди”, на потег од базата на ЈСП до кружниот тек кај црквата „Свети Петар и Павле”, а ќе продолжат и активностите за расчистување на имотно правните односи за пробивање на тесните грла на улица „Борис Сарафов, изјави градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.
Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Сокол Митревски ја поздрави оваа активност, и рече дека системот на месните и урбаните заедници во Општината е ефикасен и добро функционира на терен.
Според него, овој воспоставен механизам на работа дозволува најнепосредно избраните претставници на граѓаните да даваат забелешки и идеи на администрацијата и јавните претпријатија, што изминативе години резултира со значително зголемување на квалитетот на услуги коишто ги даваат Градот Скопје и јавните претпријатија.
Раскрсницата кај Порта Влае досега важеше за тесно сообраќајно грло, каде што метежот беше секојдневие. Со проширувањето, ќе се овозможи побрз проток на возилата и поголема безбедност.
Истовремено, продолжениот булевар индиректно ќе придонесе кон растеретување и на сообраќајот што води према стопанските комплекси кон Момин Поток.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1