На работ на карпа во Австралија е замислен необичен дом на пет ката, кој нуди прекрасен поглед на море. Овој објект е дизајниран на барање на брачната двојка, Ема и Дејвид, која сака дом за одмор на некое „екстремно“ место. Тоа, судејќи според дизајнот, на крај и го добиле. Нивната куќа е замислена на страничниот дел од карпата, а за нејзиното присцврстување биле користени железни игли.
„Куќата на карпа“ е викендичка од пет ката дизајнирана од „Модскејп концепт“, која би требало да се изгради на југозападниот дел од брегот на Викторија, каде што се влегува само преку покривот и со лифт се стигнува до петте ката.
Сопствениците во куќата би влегувале низ гаражата на првиот кат, а со лифт би се спуштале до последниот. На вториот кат е салонот со отворена кујна, на третиот се две спални соби и една бања. Под нив се наоѓа уште една спална соба и апартман.