Бидете раат: Силен земјотрес во Скопје се очекува за 100, 200, 500 години


Директна поврзаност помеѓу поплавите и земјотресите не постои. Да се направи каква било поврзаност од овој тип, потребни се многу други геолошки, геофизички истражувања што за територијата на Македонија не се направени, велат од Сеизмолошката опсерваторија на Македонија за Телеграф.мк.

zemjotresПо катастрофалните поплави што ги погодија Србија и Босна и Херцеговина граѓаните во овие земји, а особено Македонците, стравуваат да не се повтори големиот земјотрес кој во 1963 година го погоди нашиот главен град.

– Не постои никаква поврзаност меѓу поплавите во 1962 година и земјотресот од 1963 кога Скопје беше уништено, децидни се од сеизмолошкиот центар и додаваат дека според сеизмичката реонизација на Македонија, постои веројатност повторно да се случи силен земјотрес, но никој не може да утврди кога ќе биде точно тоа, а според некои испитувања тоа би можело да биде после многу години.

Како што пишува Телеграф, тоа би можело да се случи според следните претпоставки:

– за повратен период од 100 години, со интензитет од VI до VIII степени според Европската макросеизмичка скала,

– за период од 200 години со интензитет од VI до IX степени според Европската макросеизмичка скала,

– за период од 500 години со интензитет од VII до IX степени според Европската макросеизмичка скала.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1