Во изминатите шест дена, Босна и Херцеговина 16 пати беше погодена од земјотреси. Последниот, со интензитет од 4,6 степени по Рихтер , се случи вчера вечер, а епицентарот на земјотресот е регистриран 15 километри југозападно од градот Гламоч.
По овој земјотрес, забележани се и неколку помали потреси. Жртви нема, а не е пријавена ниту материјална штета.
Од 28-ми јули, кога се случи земјотресот со јачина од 4,6 степени по Рихтер во Зеница, следеа уште 15 помали. Сеизмолозите велат дека ваквата серија на помали земјотреси е вообичаен процес затоа што земјиштето се смирува.
Граѓаните на Зеница не се навикнати на земјотреси и се видно вознемирени, но велат дека пополека се навикнуваат на секојдневите потреси.
Во земјотресот кој ја погоди Зеница беа оштетени 250 објекти меѓу кои црквата Св.Илија, која се наоѓа на листата на национални споменици.