Пред 40 години Бил Гејтс и неговиот пријател Пол Ален прогнозираа дека софтверот и персоналните компјутери ќе го променат начинот на кој луѓето во светот живеат и работат. И беа во право.
Сега Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда Гејтс најавија нова прогноза. Основачите на најголемата добротворна фондација во светот се уверени дека во наредните 15 години животот на луѓето во сиромашните земји ќе се подобрат побрзо, откога и да било.
Пред петнаесет години (во 2000) Бил и Мелинда Гејтс основаа добротворна фондација со идеа да ја поддржат иновативната работа во областа на здравството и образованието, која ќе помогне со значително намалување на нееднаквоста во светот. “И постигнавме значителен напредок”, наведуваат тие во своето годишно писмо. Во него Бил и Мелинда Гејтс се уште посмели во прогнозата – треба да го видиме најголемиот скок во животниот стандард на најсиромашните луѓе во светот. Видете на што се базира нивната прогноза:
1. Детската смртност ќе се намали и повеќе болести ќе бидат поразени. Ако во 1990-та едно на секои десет деца под 5-годишна возраст умираше, денес тоа се случува на едно на секои 20. Во 2030 очекувањата смртноста ќе се намали до едно на секои 40.
– Во 1990 година имаше 13 милиони деца починати под петгодишна возраст, во 2015 година таа бројка изнесува помалку од 6,5 милиони. Сме ја преполовиле.
2. Африка ќе ги задоволува сама хранливите потреби. Годишно Африка увезува храна за 50 милијарди долари. Со подобрувањето на земјоделски површини и имплементирање на иновации во земјоделството, надежите се во 2030-та година, Африка да произведува доволно храна за да не се потпира на увоз.
3. Мобилното банкарство ќе го промени животот на сиромашните. Милиони во Африка немаат пристап до банкарските услуги. Телефоните се клуч за промена на тоа. Во рок од 15 години, 2 милиони луѓе, кои во моментов немаат пристап до банкарските услуги, ќе имаат таков, благодарение на мобилното банкарство.
“До 2030 година 2 милијарди лица кои немаат сметка во банка денес ќе чуваат пари и ќе прават плаќања преку своите телефони. И до тогаш давателите на мобилни финансиски услуги ќе нудат целосна услуга, од штедни сметки со камата во кредити до осигурување “, пишува во извештајот на Bill & Melinda Gates Foundation.
4. Подобар софтвер ќе доведе до револуција во начинот на студирање. Достапни онлајн софтверски решенија ќе направат образовните програми поефикасни, откога и да било.
Погледнете го видеото: