Го обвинил Путин дека е педофил


Британските власти  ја започнаа долго очекуваната официјална истрага за смртта на  поранешниот руски шпион Александар Литвињенко, кој почина во 2006 година, поради труење со радиоактивен полониум 210, додека пиел чај во хотел во Лондон.

Во тек на процесот на изнесување докази истакнати се тврдењата кои  Литвињенко ги изнел непосредно пред смртта, а во кои  го обвинува  Путин за труењето, при што наведува дека рускиот претседател е педофил.Litvinenko-putin

Истражната комисија во Лондон ќе се обиде да дознае кој стои зад  убиството кое со години ги нарушува односите  помеѓу  Москва и Лондон.

За ова судење на „Твитер“ известува и уредникот на британски  „Телеграф“, кој наведе дека според доказите Литвињенко кој отворено работел против  Русија, изјавил дека Путин е педофил.

Во писмото  кое го напишал пред да почине тој навел дека верува дека рускиот претседател Владимир Путин е вмешан во неговото убиство, бидејќи  јавно го  критикувал шефот на државата, кој исто така  порано бил агент на советскиот КГБ. Инаку Литвињенко во писмото го обвинува Путин и дека е  виновен за  убиството на  руската  проопозициска  новинарка  Ана Политковсакаја.

Литвињенко почина неколку дена по труењето, а британската полиција по  неговата смрт го идентификува рускиот шпион Андреј Луговој  како главен осомничен, но издаде потерница и за неговиот поранешен колега агентот Дмитриј Ковтун.
Во истрагата е наведена  и изјава на анонимен сведок кој рекол дека Ковтун му признал дека сака да го убие Литвињенко бидејќи е предавник.

Конечна одлука за тоа кој е одговорен за смртта на Литвињенко  ќе донесе Кралскиот суд за правда во Лондон.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1