24-годишниот Марек Лапински неодамна почина по вадење на умник во амбуланта во Калифорнија.
Откако умникот бил отстранет се појавиле неочекувани компликации. Наводно Лапински на сред операцискиот зафат се разбудил кашлајќи, поради што му дале силен анестетик што довело до моментален прекин на дишењето.
Лапински бил веднаш одведен во болница, каде починал по три дена.
Неговото семејство и пријатели ја доведуваат во прашање професионалноста на медицинската постапка која ја водел оралниот хирург Стивен Пол.
-Шокантно е тоа што здрав 24-годишник отишол на рутинска операција на умник и, на крај починал – изјави Тони Кеисер, пријател на семејството на покојникот.