Животот на Јулија Алварез (15) засекогаш е променет откако две сестри садисти ја напднале и со ножеви ја сечеле по лицето и телото.
Јулија била во посета кај пријатели и кога се враќала кон дома и’ се приближиле две сестри кои започнале да ја удираат со тупаници и ја легнале на земја. Според изјавата на Јулија, девојчињата биле на возраст од 18 и 16 години.
-Сите викаат дека си многу убава. Епа нема да бидеш убава кога ќе завршиме со тебе. Луѓето тогаш ќе те викаат Чаки, викале двете сестри додека со ножеви ја сечеле по целото тело.
Откако и’ нанеле десетици длабоки исекотини тие ја оставиле на земја, целата облиена во крв. Подоцна ја пронашле случајни минувачи кои веднаш викнале брза помош. За една исеченица од грбот на девојчето биле потребни 20 конци, а за нејзиното лице биле потребни уште десетици за да можат да се состават деловите од кожа назад заедно.
Се’ додека сестрата на девојчето, Јени, не ги постирала фотографиите на Фејсбук, полицијата во градот Хуан Доминго Перон, во северниот дел на Аргентинската провинција Формоса одбила да се вклучи.
За многу кратко време фотографиите станале вирален хит и го обиколиле светот предизвикувајќи протести поради неуспехот да се дејствува против садистичките сестри. Полицијата потоа изјавила дека ги испрашала двете девојчиња за нападот и ја ослободиле 16-годишната сестра бидејќи била премногу млада, а 18-годишната сестра ја притвориле.
Сестрата садист, тврдела дека била навредувана од 15-годишното девојче па ова бил нејзиниот начин на одмазда.
По несреќата Јулија вели дека сака да се самоубие кога се гледа во огледало бидејќи глетката и’ е неподнослива.