Ова е монструмот кој ја силувал па ја убил малата Ивана


Ова е фотографија од монструмот кој е уапсен под сомнение дека ја силувал, а потоа и убил Ивана Подрашчиќ од Батајница. Се работи за силувач кој пред само два дена во истата куќа ја силувал својата братучетка, пренесуваат српските медиуми.
Тој е уапсен благодарение на полиграфкиот тест, осомничениот исто така има огромно криминално досие и претходно бил осудуван за силување.ubiec ivana
Убиецот на 14-годишната Ивана Подрашчиќ од Батајница има долго досие, Дарко Костиќ (39), а нејзиното тело било пронајдено утринава по двомесечна потрага, соопштил директорот на полицијата Милорад Вељовиќ. Костиќ во 1993-та година убил и стара бабичка, за што бил осуден на седум години затвор, а поради силување во 2001-та година бил осуден на казна од три ипол години, изјавил Вељовиќ на прес-конференцијата.

Во мај оваа година Костиќ бил ослободен од затвор, бидејќи и претхдно бил осудуван за повеќе кривични дела.


“Станува збор за човек кој извршил повеќе кривични дела. Тој во 1993-та година со уште еден човек на ужасен начин убиле бабичка родена 1929-та година. За тоа кривично дело бил осуден на седум години затвор”, изјавил Вељовиќ и додал дека ова кривично дело Костиќ го извршил како млад полнолетник.

Полицијата се сомнева дека Костиќ извршил уште пет силувања и напади.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1