Руската манекенка Јулија Лемигова (42) при крајот минатата година склучи брак со поранешната тениска легенда Мартина Навратилова (58). Поранешната Мис на Русија открила како ја засакала Мартина и како на своите ќерки им соопштила дека сака да се венча со љубовта на својот живот. Пред бракот Јулија и Мартина се забавувале шест ипол години.
Убавата Русинка од претходниот брак има две деца, Викторија (13) и Ема (8), додека нејзиниот син починал во петтиот месец.
– Растев ов Русија, не знаев дека постојат хомосексуални врски. Имав 17 години кога се преселив во Лондон и кога сфатив какви се односи постојат помеѓу луѓето – изјавила Јулија во едно неодамнешно интервју.
Од Лондон се преселила во Париз и таму пред 14 години првпат ја сретнала Мартина.
– Се занимавав со мода, во Париз среќавав неверојатни луѓе, познати луѓе, членови на кралски семејства, а тогаш ја запознав и Мартина. Не бев голем љубител на тенисот, но се разбира дека знаев која е таа и започнавме разговор – се присетила Јулија на средбата со Навратилова.
Таа додала дека нивното истоевропско потекло ги споило, првиот нивен разговор протекол во смеа. А кога вторпат се сретнале случајно во еден ресторан, додека Јулија ручала со своите ќерки, Лемигова сфатила дека сака да ја види Марина и следен пат.
Нивната врска на почеток била платонска, Марина често одела кај Јулија и нејзините деца во Париз и играла со нејзините ќерки тенис.
Нејзините ќерки Викторија и Ема ја псоетувале Мартина во нејзиниот дом во Мајами. Емоциите помеѓу овие две жени со време станувале се посилни, а ќерките на Јулија во тоа време не и поставувале никакви прашања.
– Видеа дека сум среќна со неа, беше едноставно. Мартина беше дел од нашето семејство и моите ќерки ја обожуваа. Играше тенис и ги работеше домашните задачи со нив, готвеше за нив. Ја нарекуваа нагалено Марти – додала Јулија.
Проблемите настанале кога нејзината постара ќерка на училиште ја задевале поради врската на нејзината мајка.
– Ме праша „Што е Мартина?“, седнавме и разговаравме. И кажав дека Мартина е некој што јас го сакам. Ме гледаше вчудоневидено и додадов „Не можам да живеам без неа“. Потоа ја прашав својата ќерка дали би сакала Мартина да живее со нас и таа се согласи – раскажала Јулија.
Нивната венчавка била многу емотивна. Јулија плачела како и Мартина која важи за силна жена. Јулија истакнала дека живеат како нормално семејство, на релација Америка и Франција каде таа има козметички салон. Со Мартина комуницира на англиски, нејзините ќерки меѓу себе зборуваат на француски, со Мартина на англиски, а со нивната мајка на руски.