Била сурогат-мајка за нејзина другарка, но голема трагедија на сите им ги згорчи животите


Кога се понудила да биде сурогат мајка на својата најдобра пријателка, сигурно не помислила дека таа нема ни да доживее да го види бебето.

Џес Бруки одлучи да биде сурогат мајка на својата долгогодишна пријателка Бек Арни која поради цистична фиброза имала проблеми со плодноста.

Била многу среќна што на Бек и нејзиниот сопруг Герет може да им ја исполни најголемата желба да станат родители. Но за жал, оваа приказна има трагичен крај.

Идната мајка Бек починала во септември и не успеа да го запознае својот син кој го роди за неа другарката која и беше сурогат мајка.

Оваа трагична смрт потполно ги скрши сите, а особено сопругот Герет кој сега сам треба да се грижи за ова дете.

Тие имале план кога бебето ќе се роди, Бек да ја напушти работата и да се грижи за него, а сопругот да заработува.

Сега тоа не е можно бидејќи Герет нема кој да му помогне во чувањето на бебето и мораше да даде отказ. На овој самохран татко сега му помагаат сограѓаните со лични донации.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1