Софтверскиот генијалец, билионерот кои стои зад антивирусната програма McAfee го бараат за убиство во Белизе.
Како што ексклузивно објавува Gizmodo.com, полицијата го бара John McAfee како главен осомничен за убиството на Gregory Faull, кој беше застрелан и убиен во својот дом во градот Сан Педро по кавга со McAfee.
Билионерот во 2010 ја продаде антивирус програмата на Intel за 7 билиони долари и откогаш релаксирано и луксузно живее во Белизе.
Полицијата го има на листата првоосомничен бидејќи убиениот пред некои ден и официјално се пожалил во полицијата и поднел пријава дека билионерот му се заканува, неколку дена потоа најден е мртов.