Откако минатата година во август јавно ја сподели својата дијагноза, Шенон Доерти речиси секојдневно со фотографии на Инстаграм ја документира својата борба со ракот на дојка.
Ѕвездата на серијата „Беверли хилс“ во понеделникот на оваа социјална мрежа, своите обожаватели ги информирала за следниот чекор во овој тежок животен период. Имено, по хемотерапијата, следуваат третмани со радиотерапија.
„Прв ден на радиотерапија. Изгледам како дека секој момент ќе побегнам што делумно е и точно. Ова зрачење ми делува застрашувачки. Ме плаши таа машина којашто се врти околу мене. Сигурна сум дека ќе се навикнам на тоа, но во моментот ја мразам“, напишала Шеонон во својата објава.
Во коментарите ѝ пристигнуваат бројни пораки со поддршка, а многумина не кријат дека плачат додека читаат за тешките моменти низ коишто поминува актерката.