Битола на Гугл претставена со нацистички знамиња – Битолчани збеснаа (Видео)


Битолската улица „Кирил и Методиј“ на новиот сервис Гугл Стрит Вју осамна со фотографии на кои се гледаат нацистичките знамиња со кукасти крстови, што предизвика забуна и реакции на социјалните мрежи во Македонија.bitolj-1444413998-758707

Имено, камерите на Гугл снимале низ Битола во декември минатата година кога таму се снимаше филмот на Раде Шербеџија, „Ослободувањето на Скопје“, а знамињата со кукасти крстови како и бугарските знамиња се дел од филмската сценографија.

Локалните власти од Битола веднаш се обратија на интернет сервисот со барање фотографиите од улиците на кои се виори знамето на Третиот Рајх да бидат отстранети, а од Гугл наводно им порачале дека барањето ќе им биде разгледано. Сервисот „Гугл стрит вју“ за Македонија е достапен од вчера, а корисниците од целиот свет сега ќе можат виртуелно да се движат низ македонските улици.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1