Битолчанец вратен од Канада кој бил во самоизолација, пронајден починат во неговиот дом


Маж на 60-тина години бил пронајден мртов во стан во Битола. Според неофицијални информации, станува збор за лице кое последните десетина дена ги поминало во самоизолација, сам во неговиот дом.

ТВ 21 дознава дека тој бил вратен од Канада. Засега нема официјални детали за смртта, но тој посмртно ќе биде испитан дали бил заболен од Ковид-19 и дали тоа е причината за смртта.

Првичните информации велат дека полициските службеници морале да ја обијат вратата за да влезат во станот, откако тој не кревал на телефон и не отворал, а соседите не го виделе да излезе.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1