Полицијата поднесе кривична пријава против битолчанката која со туѓа картичка која претходно ја нашла си плаќала сопствени сметки за струја.
Д.К. (38) од Битола на 1 јуни 2017 година неовластено употребила платежна картичка сопственост на В.Ш. (41) од Битола.
Таа преку интернет ги внела податоците од картичката, која претходно ја нашла, и извршила плаќање на повеќе сметки за струја во висина од 9.185 денари.