Вечерва ќе светне елката на плоштад


Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов ги повика граѓаните денеска во 19 часот на плоштадот „Македонија“ заедно да ја осветлат големата новогодишна елка и да ја почувствуваат радоста за претстојните празници.

Осветлувањето на новогодишната елка ќе биде проследено со хоровите од средните училишта во град Скопје, а под диригентска палка на Јасмина Беличанец. Ќе учествуваат следните училишта: Средно медицинско уличиште „Д-р Панче Караѓозов“, СУГС Гимназија „Јосип Броз – Тито”, СУГС Гимназија „Раде Јовчевски – Корчагин”, СУГС Гимназија „Орце Николов”, СУГС Гимназија „Никола Карев”, СУГС Гимназија „Марија Кири Склодовска”, СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен”, СЕТУ „Михајло Пупин”.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1