Битолски мерцедес изгоре во големиот пожар


Битолски мерцедес 220 cdi, настрада во пожарот кој избувна вчера доцна попладнево кај селото Цапари, а потоа се прошири и на кај Ротино, објави телевизија Тера.

Околу 19:45 минути на стариот пат по кој се движел, мерцедесот бил зафатен од пожарот, а сопственикот кој ни ги испрати овие фотографии вели дека патот не бил блокиран во моментите кога пожарот се ширел.

11780541_10205060623652163_151449348_n-700x933

Фото: Тера

 

Пожарот се појавил кај 18 часот некаде кај Цапари, каде горела нискостеблеста шума. Ветерот кој доцна попладнето го имаше во регион, овозможил брзо ширење. Луѓето со кои разговараше репортерот на Тера, рекоа дека пожарот се шири на кај селото Ротино и стравуваат од голема катастрофа, а од противпожарната екипа советуваат да не се оди кон селото.

Жителите во паника реагираат за како што велат дека со едно возило пожарната интервенирала, а очевидци тврдат дека другите возила кои пристигнале неможеле да се употребат.

Неофицијално, според кажувањето на жителите била зафатена и една викендица.

Инаку заради реконструкцијата на магистралниот пат Битола – Ресен од пред неколку дена, сообраќајот е пренасочен по стариот пат.

Пред малку на месото каде што е пожарот пристигна градоначалникот Талески.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1