Богоевски тврди: 5 милиони поткуп од Маѓар телеком зеле и Али Ахмети и Муса Џафери


Како што пренесува интернет порталот Либертас во делот од сведочењето на екс шефот на македонската тајна полиција и, поранешен советник на Владата – Слободан Богоевски, дадено пред адвокатите на американсата Комисија за хартии од вредност (СЕЦ), а во случајот со Маѓар Телеком и неговата ќерка фирма – македонскиот Телеком, Богоевски детално ги опишува сите операции и активностите во кои учествувал како посредник, ангажиран од контроверзнот грчки бизнисмен Димитрис Кондоминас.8548943903223-540x259-300x144

Во сослушувањата пред Јужниот обласен суд на Њујорк, Богоевски сведочи и одговора потврдно на прашањата на американскиот владин адвокат, поврзани со давањето на мито на оперделени полтички партнери во тогашаната македонска влада, која ја водеше поранешниот премиер Владо Бучковски.

Така, во транскрипт што го објави Либертас на страната 25, Богоевски ги именува Бучковски и лицата А.А. и М.Џ. дека во повеќе наврати, а со посредство на луѓето на Кондоминас, примиле 7.5 милиони евра во кеш.
На прашањето дали Богоевски знае да каже со кого се поврзуваат иницијалите на А.А. и М.Џ. пораншниот шеф на тајната полиција одговора дека тоа се иницијалите на Али Ахмети и Муса Џафери, при што на Богоевски на прашањето на американскиот адвокат, одговора потврдно дека знае оти наведената сума е за поткуп на именуваните политичари.

Повеќе ТУКА

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1