ДУИ најавува тужби – За Бучковски, ова е тендециозна конструкција


– Сведочењето е конструкција на непосточки настани и околности – реагираат за Телма од владеачката партија ДУИ, на објавеното сведочење на екс-разузнавачот Слободан Богоевски, пред судот во Њу Јорк за аферата“ мито од Маџар Телеком.

– Ова е апсолутна невистина која се актуелизира како дел од гнасната кампања со лаги и измислувања во функција на предвремените избори догодина.Правните застапници уште утре ќе ги разгледаат материјалите и ќе поднесат соодветни пријави – изјавиле за Телма од ДУИ.bucko-500

Богоевски во сведочењето објавено од судот во Њујорк тврди дека грчкиот магнат Кондаминас, освен на тогашниот премиер Владо Бучковски, пет милиони евра преку посредник во Тетово им дал на Али Ахмети и Муса Џафери.

Претходно и екс-премиерот Бучковски реагираше дека сведочењето на Богоевски било тенденциозно невистинити конструкции.

„Почитувани, јас Владо Бучковски соработувам со Американската комисија за хартии од вредност,во граѓанската парница што тие ја водат против директорите на Маѓар телеком(Балог, Штрауб и Морваи) пред Њујоршкиот суд.

На барање на Американската комисија за хартии од вредност, јас сведочев на 7 февруари 2014 година, во нивното седиште во Вашингтон (100 F Street, N.E. Washington DC 20549). На сведочењето кое траеше близу 7 часа одговарав на вкрстени прашања од претставниците на Америкснската комисија и адвокатите на обвинетите директори од Маѓар Телеком. Сведочењето беше под заклетва и за него има стенографски белешки и видео запис. Бев замолен да не го обелоденувам моето сведочење и да се воздржам од јавни коментари на случајот до неговото завршување.

Сепак, по обелоденувањето на делови од сведочењето на Слободан Богоевски, си земам за право да дадам кус коментар. Богоевски презентирал редица на неточни информации и прави низа тенденциозни конструкции. Ви благодарам за отстапениот простор, во прилог Ви испраќам копија од поканата за сведочење, се вели во соопштението на Бучковски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1