Се продаваат сириски пасоши – Германските цариници запленија пакети со фалс пасоши


Германските цариници запленија пакети со сириски пасоши, пишува електронското издание на германскиот весник „Шпигел“.

Дел од документите се вистински, но друг дел се фалсификувани.siriski-pasosi

Портпаролката на царината не објави колку точно се запленети пасоши, кои се уште се проучуваат од полицијата.

Сириските пасоши се многу барани меѓу бегалците, бидејќи кој успее да докаже дека избегал од граѓанска војна, има добри шанси да добие азил во Германија, наведува весникот.

Неодамна европската служба за заштита на границите Фронтекс предупреди дека во Турција има добро организиран пазар на фалсификувани сириски пасоши.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1