ФОТО: Вака ќе изгледаат „Шпанските скали“ на плоштадот во Скопје


Зградата ќе биде висока 16 метри и ќе има приземје и три ката. Во нејзини рамки е предвиден простор за деловни и комерцијални намени.

Советот на Град Скопје ја изгласа предлог одлуката за изградба на Шпански скали на плоштадот „Македонија“, а претходно Општина Центар издала градежна дозвола за барокниот објект кој треба да го гради албанската фирма „Амадеус“. Трошокот за изведба на скалите ќе падне на товар на албанската фирма, која во октомври 2013 година за околу 1,6 милиони евра ја купи градежната парцела во строгиот центар на градот, на која ќе никне објектот во чиј состав всушност беа предвидени скалите.spanski skali gtc

Новата зграда на плоштадот ќе биде висока 16 метри и ќе има приземје и три ката. Во нејзини рамки е предвиден простор за деловни и комерцијални намени. Идејното решение го обезбеди и го наложи Министерството за транспорт и врски, без притоа да биде објавен неговиот автор. Според идејното решение, освен скали кон плоштадот, од двете страни на главниот влез ќе има скулптури на кочии влечени од коњи, а на покривот, на фасадата и околу скалите ќе има и бројни други скулптури.spanski skali

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1