Поранешната девојка на холивудската ѕвезда Анџелина Џоли, 47-годишната американската актерка Џени Шимизу се ожени за својката долгогодишна партнерка Мишел Харпер, со која е во врска од 2012 година, пренесува „Ју-ес викли“.
Фотографиите од нивната венчавка беа објавени вчера, а Џени била облечена како маж во црн костум додека нејзината партнерка носела бел венчален фустан.
Анџелина во една прилика има изјавено дека веројатно би се оженила за Џени да не се омажела за својот прв сопруг Џони Ли Милер.