Бизарна смрт на милијардер – починал на операциска маса при зголемување на пенисот


За време на пластична операција за зголемување на неговиот полов орган во Париз од срцев удар починал милијардерот и трговец со дијаманти Јехуд Арје Ланиадо (65).

Ланиадо бил на операција на за сега неименувана луксузна клиника , кога се случиле фатални компликации за време на операцијата. Милијардерот доживеал срцев удар кога во неговиот полов орган била вбризгана хемиска супстанца, јавуваат белгиските медиуми. Неговата компанија за дијаманти Omega Diamonds од белгискиот град Антверпен , ја потврдува смртта и го нарекува Ланиадо визионерски предприемач.

Пријател на милијардерот за медиумите тврди дека многу му бил важен надворешниот изглед и на тоа како го гледаат другите.

Ланиадо го поседува најскапиот стан во Монако , вреден над 30 милиони фунти , како и луксузна куќа во предградието Бел Ер во Лос Анџелес , каде сакал со модели и ѕвезди од шоу бизнисот да пие врвни вина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1