Мицкоски: Дента кога се изгласа договорот во Грција беше најтежок во мојот живот


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во неговото гостување во емисијата Отворено на телевизија Алфа нагласи дека денот кога започнал целиот процес за промена на уставното име на Република Македонија бил најтешкиот ден за него во политиката, потенцирајќи дека само неколку дена потоа пред членовите на Централниот комитет поднел оставка, која била одбиена.

Одговорност чувствував и тогаш на тој 19 октомври кога започна практично процесот беше можеби најтешкиот ден во политиката, за да на 22 октомври пред членовите и делегатите на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ понесам одговорност и повикам на одржување на вонреден конгрес и сето тоа што следи. Но мојата инцијатива беше одбиена, вели претседателот Мицкоски.

Тој додаде дека не може да разбере како може некој толку многу да го понижи македонскиот народ, прашувајќи што толку многу ги мотивираше за да го направат тоа.

Тоа навистина претставува една трагедија која и ја приредија на Република Македонија, на македонскиот народ, на граѓаните на Република Македонија, едно понижување омаловажување и јас навистина не можам да го разберам oва чувство, кој е мотивот на овие луѓе што толку сакаат да си ја понижат сопствената држава, сопствениот народ и сопствените граѓани. Не знам што е тоа што толку ги мотивира, праша Мицкоски.

Мицкоски одговарајќи на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ кога ќе се врати на власт ќе го ревидира договорот со Грција истакна дека ниту еден процес во историјата не е конечен, па така и овој договор , но затоа треба принципиелност, трпеливост и одважност.

Тој вели дека многу држави во минатото капитулирале, како што капитулираше во одредена смисла на зборот Македонија, но многу од тие држави биле храбри трпеливи и одважни и денес се во топ светски сили, обединети и посилни од било кога.

– Истото јас им го ветувам на македонската држава, на македонскиот народ и на македонските граѓаните доколку навистина честито, искрено и принципиелно работиме за иднината на оваа држава. Ниеден процес во историјата не е еднонасочен, сите процеси се доколку сме одважни принципиелни и храбри, потенцираше Мицкоски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1