Турист од Шпанија загина во црквата Санта Кроче во Фиренца, откако врз него, од таванот, од 20 метри височина, паднал камен широк 15 сантиметри.
Идентитетот на жртвата не се соопштува, а се знае само дека имал 52 години, и дека најверојатно потекнува од Барселона.
Италијанската полиција ја затвори црквата за посетители на неодредено време, додека свештенството е шокирано, со оглед на редовното одржување на црквата последниве неколку години.
Во Санта Кроче почиваат познати личности од Ренесансата, како што се Микеланџело, Галилео и Макијавели… Се работи за една од најпознатите знаменитости и туристички атракции во Фиренца.