Бизарни божиќни обичаи


Во Австрија веруваат во Крампус, лошиот божиќен дух, чија цел е да ги казнува децата што не биле послушни и ги тркала во буриња. На петти декември Австријците се маскираат како Крампус и така шетаат низ град, мавајќи се меѓу себе со прачки.

bozic0

Во Шведска е традиција на главниот градски плоштад да се постави џиновски јарец од слама. На бадниковата вечер, точно на полноќ, Швеѓаните го палат јарецот.

Во Индија, на пример, исто како и кај нас се украсува дрвце, но не елка. Во оваа земја не расте овој вид дрво, па Индијците го украсуваат она дрво што го сакаат – стебло од банана, праска или некое друго овошје.

Во Украина е задолжително елката да биде украсена со пајаци и пајажина. Имено, Украинците веруваат дека ќе ги следи среќа доколку имаат пајак на божиќното дрвце.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1