Новороденчињата се илегална роба и затоа имаат висока цена. Приметени се два главни облици на трговија. Кражба по пораѓањето во болниците и злоупотреба при посвојувањето.
Трговијата со луѓе стана глобален феномен и сериозен мафијашки бизнис, во кој на годишно ниво се прават обрти од 32 милијарди долари, а половината од таа цена ја сочинуваат продажбата на деца и бебиња, покажал годишниот извештај на Обединетите нации за трговија со луѓе во 2012 година.
Во светот повеќе од 2,5 милиони луѓе од 136 земји се жртви на трговија со луѓе.
„Многумина ги нарекуваат златни векни леб“, како што велат трговците на бебиња поради нивната висока цена.
Комерцијализацијата на бебињата започнала во Америка, а потоа и во земјите на ЕУ, каде е отворена побарувачката за деца за посвојување. Хуманитарната работа се претвори во валкан бизнис. Само кај нашиот северен сосед се продаваат за цена од 15,000 евра. Според социолозите постојат четири главни причини за трговија со бебињата. Купување за обезбедување на наследник, лажно посвојување на децата поради препродажба, продажба поради улично просење и кражба поради земање на човечки органи.