Нимиц закажа нова средба во Њујорк на преговарачите


Медијаторот во македонско-грчкиот спор за името, Метју Нимиц, за 29-ти и 30-ти јануари закажа нова средба со преставниците Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис во Њујорк.

nimic2Закажувањето на средбата следува само неколку дена по посетите на Нимиц на Атина и Скопје, и одржаните разговори со грчките и македонските власти. Според најавата од прес-службата на Обединетите нации, двете страни ја прифатиле поканата за новата рунда разговори.

По последните средби со грчките и македонските власти, Нимиц во петокот во Скопје изјави дека е охрабрен дека може да се стигне до решение, и рече дека добил и многу креативни реакции од двете страни.

На новинарско прашање, дали по толку години како медијатор во спорот за името гледа можно решение, Нимиц кусо одговори: „Да”.

„Од состанокот тука можам да кажам дека добив многу цврсто уверување дека решавањето на ова прашање претставува највисок приоритет и исто така добив охрабрување за моите напори. Разговаравме за различни можности. Претставив идеи на коишто добив реакции. Решавањето на прашањето за името треба да биде постигнато. Во Скопје и Атина постои зголемен интерес и сериозен пристап кон изнаоѓање на решение. Тоа е многу важно”, изјави Нимиц по средбите со македонските власти.

Макфакс

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1