Бизнисмени ќе ја тужат хрватска поради загубите од блокадата на границата


Десетици српски бизнисмени планираат да ја дадат Хрватска на суд поради загубите што ги претрпеле од блокирањето на српско-хрватаската граница, а нивните побарувања можат да изнесуваат милиони евра, објави белградскиот весник „Блиц“.

granicni-prelaz-kamion-kolona-2-620x350

Повеќе од 60 бизнисмени ја известиле Стопанската комора на Србија за проблемите со кои се соочиле за време на шестдневната блокада во Хрватска.

Неименуван претставник на Стопанската комора наведе дека бизнисмените најверојатно ќе ја тужат Хрватска и нејзниот премиер Зоран Милановиќ, кој неодамна објави царинска војна на Србија порадии мигрантската криза.

Тој додаде дека бизнисмените кои ќе тужат ќе бараат отштета воо висина од 60.000 евра.

За време на шестдневната блокада на патот за Хрватска беа запрени повеќе од 600 камиони.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1