Бизнисменот Петар Христов убиен во својот џип: Ликвидиран со четири куршуми во гради и еден во глава


Во центарот на Софија, на еден од градските булевари, денеска е убиен бугарскиот бизнисмен, 49 годишниот Петар Христов.

Христов е убиен во близина комплексот Манастирска ливада и бил застрелан со неколку куршуми додека бил во својот џип. Полицијата пријавата ја добила некаде после 10 часот, соопштија од бугарското Министерство за внатрешни работи.

Според пишувањата на бугарските медиуми, убиецот не оставил ништо на случајот и испукал најмалку 8 куршуми, од кои 5 завршиле во жртвата, четрири во градите и еден во главата. Полицијата го блокирала местото на убиството и врши увид, а по напаѓачот се трага.

Инаку, фирмата на Христов – „Лактима“ е еден од најголемите произведувачи на млечни производи во Бугарија. Медиумите наведуваат дека Христов бил советник во Владата н Бугарија и дел од Управниот одбор на холдингот „Пропертис менаџмент груп“, кој обединува фирми од областа на прехранбената индустрија, инфраструткурата, градежништвото, туризмот, финансиите и консалтингот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1