Благ пад на новозаболени од коронавирусот, 18 новоинфицирани, вкупниот број се искачи 219


Бројката на заболени од корона вирусот во Македонија достигна 219. Во изминатото деноноќие, од вкупно 18 новорегистрирани случаи, 11 се од Скопје, четири од Прилеп, во Куманово се потврдени два нови случаја и уште еден во Тетово.

Blood sample with respiratory coronavirus positive

Бројката на починати и излекувани останува непроменета информира министерот за здравство Венко Филипче и додаде дека простор за манипулација со бројките нема. Од новозаболените има и уште еден здравствен работник, вработен во Клиниката за кардиологија.

Од хоспитализираните, вкупно 41 пациент, ниту еден не е поставен на респираторна машина, иако има 7 потешки случаи, 27 средно-тешки и 7 со поблаги симптоми. Инаку, од вторникот во првата борбена линија против корона вирусот застанаа матичните лекари, а ним денеска им е поделена и заштитна опрема. Во случај на драстично зголемување на пациентите, Филипче откри дека во функција ќе биде поставена и мобилна болница, лоцирана веднаш до Инфективна.

Според министерот добро е што линеарно се зголемува бројот на новозаболени, приближно е ист секој ден и не расте нагло. Од Министерството соопштија и дека се обезбедени и 55 респираторни машини, од кои 25 преку Обединетите нации со норвешки пари и 30 кинески, набавени преку УНДП, со средства на ЕУ.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1