ИЗЛОЖБА НА БЛАГОЈ КРЕМШО
Вечерва во Домот на културата “Драги Тозија” (Сарај) – Ресен беше отворена самостојна изложба насловена како “Благодарбина” на ресенчанецот Благој Кремшовски – Кремшо од Ресен еден од ретките негувачи на копаничарството.
Изложбата ја посетија над стотина вљубеници во уметноста, а ја отвори градоначалникот на Ресен Мишко Волкановски. Славеникот Благој имаше трема, присутните ги поздрави во негово име, неговата сопруга Дијана.
Тој е еден од ретките негувачи на копаничарството, кој како самоук со дарбата од Бога твори и создава дела на кој човек не може да остане рамнодушен.
Изложените над 40 дела ги создавал во изминативе седум години, а на нив ќе ги видите од Цар Самоил, Александар Македонски, Филип Втори, Свети Никола, Гоце Делчев, Никола Карев, тајната вечера… до неговиот син Живе (млад оперски пејач кој нижи успеси и годинава освои прва награда на значаен меѓународен музички фестивал во Црна гора).
Благој потекнува од познато ресенско ументичко фамилија, неговиот татко Живко беше еден од основачите на ансамблот „Распеани ресенчани“, а додека сега музичката традиција ја продолжува неговиот прекрасен син Живе .
Изложбата ќе биде отворена дваесеттина дена.