Блиндираното возило му го спасило животот на Ахмети


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, мина со полесни повреди во сообраќајна несреќа на својот службен автомобил што се случи на автопатот Гостивар – Скопје пред наплатната рампа во Тетово. Со потешки повреди, но надвор од животна опасност е возачот на Ахмети, кој го управувал црното „ауди“ со скопски регистарски таблички, кое удрило во бетонски столб пред куќичката за наплата на патарина.foto-630x473_thumb_medium500_375

Како причини за несреќата се споменуваат маглата и лизгавиот коловоз, а ќе се истражува со колкава брзина се движел автомобилот, имајќи предвид дека пред наплатните куќички е дозволена брзина од најмногу 60 километри на час. Се претпоставува дека потешки последици се избегнати, благодарение на тоа што возилото на лидерот на ДУИ било блиндирано.

Несреќата се случила додека Ахмети патувал од Зајас кон Скопје на средба со претседателот на албанскиот парламент, Илир Мета, кој престојува во дводневна официјална посета на земјава. Но наместо предвидената средба, Мета подоцна го посети Ахмети во болницата во Тетово каде што лидерот на ДУИ беше згрижен по сообраќајната несреќа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1