Близначки се родиле држејќи се за рака (Видео)


Сара Тислтвејт од Охајо, во петокот родила ретки „моно-моно“ близначки, по два месеци поминати во болница. Ваков тип на бременост се случува еднаш во 10.000 случаи, па докторите од болницата во Акрона биле изненадени од ултразвучните наоди.

467993_blizanci01-foto-akron-general-medical-center_ffИдентичните близначки Џена и Џулијен кои осум месеци ја делеле постелката и водењакот, не можеле да ги раздвојат ниту по породувањето.

– Се занимавам со оваа работа веќе четири децении и сум видел помалку од десет вакви пациентки – изјавил гинекологот Џастин Левин.

Меѓутоа првото воодушевување следело по породувањето. Додека ги извелкувале девојчињата од утробата на нивната мајка со царски рез, докотрите сфатиле дека двете бебиња се држат цврсто за рака.

– Тоа е вистинско чудо – изјавила Тислвејт за „Еј-би-си“.Џена и Џилијен дошле на свет како заслужена награда за учителката која, поради ризичната бременост, била неподвижна 58 денови.

Сара мислела дека никогаш нема да има деца, а сега со својот сопруг Бил имаат едно момче и две девојчиња.

467992_blizanci-foto-akron-general-medical-center_ff– Мојот сопруг и јас бевме пресреќни кога дознавме дека ќе добиеме две бебиња, но се уплашивме кога докторот ни соопшти дека би можело да дојде до компликации. Не беше лесно да се лежи толку долго во болница, но знаев дека на крај ќе добијам две здрави и преубави ќерки – вели Сара, која била приклучена на мониторите по 20 часа дневно.

Според зборовите на стручњаците кај близнаците кои се развиваат во иста постелка постои опасност од заплеткување со папочната врвка, но и од синдромот на меѓублизначка трансфузија, при што едното бебе прима поголема количина на хранливи материи а другото бебе е потхрането.За среќа Џена и Џилијен се целосно здрави.

Со оглед на тоа дека се родени прерано и заедно тежат околу 4 килограми ќе останат во болница уште 4 недели. Потоа нивните родители ќе ги однесат дома и да ги запознаат со нивниот постар брат Џексон кој има 15 месеци.

– Пред неколку години гинекологот ми рече дека никогаш нема да станам мајка, а сега имам 3 деца – изјавила среќната Сара.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1