Близнаци се ожениле за идентични близначки – двата пара родиле повторно близнаци (Фото)


Еднојајчени близначки Darlin и Dayen се запознале со еднојајчени близнаци Mark и Kreg. Darlin и Mark се вљубиле и се венчале, како и Dayen и Kreg, кои подоцна добиле еднојајчени близнаци.

110Оваа чудна семејна приказна започнала на конвенцијата на близнаци во Охајо 1998 г. кога Mark ја запознал Darlin и се вљубил во неа на прв поглед. Со нив на конвенцијата биле и нивните близнаци.

– Бев во фоајето на хотелот кога прв пат ја видов Darlin и Dayen. Kreg беше некаде во хотелот, а јас морав да одам по него, бидејќи се плашев дека тие две би можеле да помислат дека сум некој самец кој би им направил недоразбирање. Морав да докажам дека и јас имам двојник некаде – се сеќава Mark.

31Не само што ја запозна својата идна сопруга, Darlin, туку и братот го запозна со неговата идна сопруга. Тие имале двојна свадба 1999 година, по што браќата ги запросиле сестрите да се омажат за нив во ист ден, пишува today.com.

Приказната за близнаците тука не застанува, затоа што Kreg и Dayen во 2001 година добиле еднојајчени близнаци Kolbi и Brejdi.

Двете семејства сега живеат едно покрај друго во Хјустон, а покрај близнаците, Kreg и Dayen, имаат уште еден син, а Darlin и Mark имаат две ќерки. Го делат дворот за децата да можат да играат заедно, а децата признаваат дека понекогаш не ги распознаваат своите родители. Но тоа се гледа и на фотографијата.

25 (1)

41

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1