Му ја исполнија последната желба – ковчегот на теренот – последен поздрав до Еузебио


Преку 10.000 навивачи на Бенфика, но и вљубеници во фудбалот од Португалија, дојдоа на „Стадионот на светлината“ во Лисабон за да му оддадат последна почит на легендарниот фудбалер Еузебио, кој почина на 72-годишна возраст од срцев удар.

eusebio-kovceg-615x400Неговата последна желба беше ковчегот со неговото тело да биде изнесен на центарот на теренот на стадионот во Лисабон, што и му беше исполнета, откако претходно ковчегот со посмртните останки на Еузебио помина и почесен круг околу теренот.

Навивачите фрлаа шалови во знак на почит, а на поворката што се движеше од центарот на градот почит му искажаа и навивачите на Спортинг Лисабон, големиот градски ривал на Бенфика, кои исто така му оставија шал од овој клуб.

Еузебио е прогласен за најдобар португалски фудбалер во изминатите 50 години, а илјадници луѓе излегоа да го испратат на патот кон неговиот вечен дом.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1