Близнаците на Бијонсе задржани во болница поради компликации


Американската поп ѕвезда Бујонсе се породила минатата недела со близнаците во една приватна болница во Лос Анџелес, но после породувањето лекарите одлучиле да ја задржат пејачката и бебињата поради здравствени причини, пишуваат американските медиуми.

Имено, „ТМЗ“ пишува дека пејачката се уште не се огласила во врска со породувањето бидејќи близнаците имаат здравствени проблеми, па поради тоа сите се задржани во болница.

-Бијонсе се породи во понеделникот, но не сакаше тоа да го објави поради предупредувањето на докторите. Се појавија извесни проблеми со бебињата и лекарите одлучија да ги задржат во болница. Од друга страна, породувањето почина добро и Бијонсе одлично се чувствува во тој поглед, но не сакаше да се одвои од близнаците, наведува извор близок до пејачката кој не прецизира за какви здравствени проблеми станува збор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1