Напаѓачот врз муслиманите во Лондон е Велшанецот Дарин Озборн


Според лондонските медиуми, Озборн кој е уапсен набргу по нападот, има 47 години и е татко на четири деца.

Британскиот заменик министер за внатрешни работи Бен Валас кој е раководител на безбедносниот сектор во Хоум Офисот, изјави вечерва дека „Озборн не им бил познат на безбедносните власти и дека во овој свој терористички напад, најверојатно дејствувал сосема сам“.o

Тој беше уапсен и осомничен за тероризам, откако со своето комби возило , намерно удрил, во група муслимани кои излегле од џамијата во лондонскиот кварт Финсбури Парк, по редовната молитва за празникот Рамазан.

Во овој инцидент, едно лице е убиено, а десетина други се повредени.

Според сведоци, Озборн се обидел да побегне од местото на нападот, но бил запрен и предаден на полицијата.

Бегајќи тој постојано извикувал дека сака да ги убие сите муслимани.

Ова беше четврти по ред терористички напад во Велика Британија, во изминатите три месеци, по нападот врз пешаците на лондонскиот Вестминстер бриџ, бомбашкиот напад во Манчестер и нападот со комби возило на Лондон Бриџ и Бороу Маркет, во кои вкупно загинаа 36 лица.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1