Бо­го­јав­ле­ние-Во­ди­ци – Од осве­ту­ва­ње­то на Бо­сфор до­се­га


„И штом се крсти, Исус веднаш излезе од водата. Одеднаш Му се отворија небесата, и Го виде Духот Божји да слегува како гулаб и да се спушта над Него. И ете, глас од небесата говореше: Овој е Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја.“ – (Матеј 3, 16-17)

ohrid-vodici

Во околината на Јордан проповедал Јован Крстител, кој велел:  Се приближува царството небесно, доаѓа очекуваниот Месија, исповедувањето е потребно за влегување во царството небесно. Исус Христос, пред да почне јавно да го проповеда своето учење, од Галилеја дојде крај Јордан и му дозволи на Јована да го крсти, поради што Јован се нарекува Крстител.

Во спомен на Христовото крштевање црквата воспостави празник: „Крштевање на Господ односно Богојавление -„Водици“. Овој празник е еден од најголемите христијански празници. Познато е дека се празнувал уште во вториот век од христијанската ера.

Праз­ни­кот Бо­го­јав­ле­ние-Во­ди­ци не е зна­ча­ен са­мо по кр­ште­ва­ње­то на Исус Хри­стос, ту­ку и по тоа што Бог прв­пат се ма­ни­фе­сти­рал во све­ти­те тро­и­ца – Оте­цот, Си­нот и Све­ти­от дух.

На овој ден уште во ми­на­то­то се осве­ту­ва­ле во­ди­те, а вер­ни­ци­те ја пи­е­ле во­да­та или, пак, ја ко­ри­сте­ле за ле­ку­ва­ње бо­ле­сти. Тра­ди­ци­ја­та за по­ло­жу­ва­ње на кр­стот во осве­те­ни­те во­ди на­ста­на­ла во Кон­стан­ти­но­пол. Ца­ри­град­ски­от па­три­јарх ко­га ги осве­ту­вал во­ди­те на Бо­сфор, кр­стот со ја­же го спу­штал во во­да­та, а по­тоа си го вра­ќал на­зад. То­гаш вер­ни­ци­те што го гле­да­ле му рек­ле: „За­што сам да го вра­ќаш кр­стот, мо­же­ме ние да би­де­ме во во­да­та и да ти го до­не­се­ме кр­стот“. От­то­гаш оние што ќе му го вра­те­ле кр­стот на па­три­јар­хот до­би­ва­ле бла­гос­лов.

Су­шти­на­та во це­ли­от чин е бла­гос­ло­вот што го до­би­ва­ле вер­ни­ци­те.

Има­ло вре­ми­ња ко­га прос­ла­ву­ва­ње­то на овој праз­ник би­ло за­бра­не­то, па гра­ѓа­ни­те се пла­ше­ле да учес­тву­ва­ат за да не би­дат обе­ле­жа­ни. Ста­ри­те скоп­ја­ни рас­ка­жу­ва­ат де­ка по­ра­но на овој праз­ник му се при­да­ва­ло по­ма­ло ме­ди­ум­ско зна­че­ње.

Бо­го­јав­ле­ние-Во­ди­ци е еден од нај­го­ле­ми­те хри­сти­јан­ски праз­ни­ци и еден од нај­ма­сов­ни­те со­би­ри на кои скоп­ја­ни и жи­те­ли­те на дру­ги­те гра­до­ви се обе­ди­ну­ва­ат во ед­но вер­ско праз­ну­ва­ње. Се ве­ру­ва де­ка оној што ќе го фа­ти по­ло­же­ни­от крст во осве­те­ни­те во­ди це­ла го­ди­на ќе го сле­дат сре­ќа и бе­ри­ќет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1