Универзалната сала да се вика Тоше Проески – иницијатива на Коце Трајановски


Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, одлучи да поведе иницијатива до Советот на Град Скопје, Универзалната сала во главниот град да се именува во Тоше Проески, пишвуа Курир.

univerzalnaСпоред нашите информации, на првата наредна седница на Советот, советниците ќе одлучуваат по ваквата иницијатива на Коце Трајановски. Скопскиот градоначалник има поддршка од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје за неговата иницијатива Универзалната сала да се вика Тоше Проески.

Скопскиот централен објект за организирање на приредби кој уште со самата градба е одраз на солидарноста и му е подарена на Градот во услови на голема тага и загуба по земјотресот во 1963 година, заслужува вакво име.

Од друга страна, името и делото на Тодор Тоше Проески ги “урнаа“ границите ширум Балканот и Европа и оставија незаборавен белег за гордоста на нашата држава.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1