Боба Живоиновиќ фатален: Пред Брена се гледав со Леди Ди


Беше прекрасна жена. Со неа можев да разговарам и за обични работи. Навиваше за мене од трибините иако кралското семејство имаше ВИП ложа.boba-630x425

Покојната принцеза на крајот на осумдесеттите одлепила за тогашниот најдобар српски тенисер Боба Живоиновиќ. Таа дури и го “смувала“ иако и двајцата биле во врски: таа во брак со принцот Чарлс, а тој со невенчаната сопруга Зорица. Често доаѓала на неговите мечеви, го гледала од обична трибина за да биде поблиску до него иако членовите на кралското семејство имале ВИП ложа.

Се запознале 1987 година, а имаат и заедничка фотографија – Боба, принцезата и неговиот син Филип.slobodan-boba-zivojinovic-ledi-di-princeza-dajana-foto-provatna-arhiva-ledi-1460280951-883191

По тој повод српски Курир стапил во контакт со Боба и отворено го прашале за односот со Лејди ДИ.

– Па добро, нема да зборуваме за тоа. Не сакам сега да зборувам за тоа бидејќи неа повеќе ја нема. Голема работа е кога на натпревар ќе ти дојде да те бодри личност каква што беше таа. Бидејќи не се случуваше некој од краслкото семејство да навива за тебе од трибините, изјавил Боба за српски Курир.

На новинарското прашање како тие двајца се запшознале, поранешниот тенисер изјавил:

– Недела дена пред Вимблдон во 1987 година, одржав хуманитарен меч под нивно покровителство. Бев еден од учесниците покрај уште неколку познати тенисери. Тогаш ја запознав Дајана. Во првиот разговор ме праша дали сум јас тој тенисер кој има најсилен сервис. Доби потврден одговор. Идната година исто се одржа егзибиционен меч, па таа повторно дојде. И повоторно ме праша дали мојот сервис е и понатаму добар. Тогаш почнавме да се дружиме и да се гледаме. Бевме блиски, рекол Боба.

Исто така тој додал дека му годело што принцезата ги гледала неговите мечеви од трибината.

– Навиваше за мене. Ми беше многу мило што ме поддржува една таква жена. Го сакаше начинот на кој играм и како се однесував на теренот и се што оди со тоа. Дајана беше прекрасна личност со која можев да разговарам за обични работи. Нејзината големина беше во таа нормална комуникација. Се изненадив колку природна жена беше. Почестен сум што ја запознав. Нашите долги разговори ги сведувавме на приказни од секјдневието и за нашите деца. Филип е генерација со нејзиниот син Хари, па воглавно тоа беа темите на разговор, раскажува поранешниот тенисер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1