Богатиот српски ерген кој нуди вила за жена – е водач на секта


Фотографиите од “богатиот српски младоженец” се појавиле во 2009 година на руската страница за запознавање “Mambo”, а неодамна осамнале и на светските интернет портали како што се “Huffington Post” и “Daily Mail”, меѓутоа сега е откриена другата страна од приказната за овој човек.

don milisavИмено, човекот по име Дон Милисав Хуан Гонзалез Брзи барал жена со која би го споделил “неговото огромно богатство”. Таа мора да биде паметна, но и телесно надарена, се со цел да се “трансформира во вистинска принцеза”.

Тој позирал во “руската верзија на Версај”, опколен со злато, крзно и кич, но всушност, сето тоа е лажно.

Марина Галперина, новинарка од “Animal New York”, навлегла многу подлабоко во приказната за овој лажен човек – “богатиот српски ерген” всушност е  исландски водич на мрачен култ!

Неговото име е Вилхем Улфар Вихелмсон, а самиот си го додал и презимето Романов и Распутин и моментално тој живее во Латвија.

sekta-bogat-rus-08

Како што може да се види на неговите фотографии на Фејсбук профилот, некогашниот урнебесен “младоженец” е забележливо послаб и има долга бела коса, се со цел да се вклопи во култот кој своевремено го смислил, а сега истиот го предводи.

Култот “Вечен живот” е фаталистичка и религиска организација со прилично непознато дејство, а Галперина изјавила дека веројатно станува збор за секта која што ја слави белата раса.

Вилхелмсон тврди дека неговата мајка е руската војвотка Анастазија Николајева Романова, која што била симната од тронот во 1918 година.

Името со кое што тој се служи како водич на “Вечниот живот” е Улфар, а култот го негува верувањето наречено “улфаризам”, односно дека “секој има право да живее засекогаш”. Неговата книга за улферизмот била достапна на истоимена интернет страница, меѓутоа истата повеќе не постои. .

sekta-bogat-rus-08

sekta-bogat-rus-15

sekta-bogat-rus-16

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1