Богатите дури дишат и поквалитетен воздух


Како изгледа секојдневието на богатите, каде живеат, што јадат, како се забавуваат, имаат ли слободно време, работат ли некои сосема обични нешта како остатокот од човештвото? Одговорите на овие прашања ги побара токму новинарот на BBC Жак Перети кој мина цели шест месеци со група исклучително богати деловни луѓе, а тоа искуство го преточил во серијал емисии “Супербогатите и ние”.

Дел од неговите искуства се објавени во авторски текст во британскиот The Independent. Тој патувал низ целиот свет, а помеѓу останатите, бил бо придружба на сер Том Хантер, чие богатство е проценето на 2.13 милијарди долари, се дружел со најбогатиот Кинез, Ванг Јианлин “тежок” 21.4 милијарди долари и со Џон Каудвел со богатство проценето на 2.6 милијарди долари, пренесува The Independent.01-4fe54-Luxury-Homes

Како што можеше и да се претпостави, овој новинар се уверил дека богатите луѓе јадат исклучиво квалитетна храна, одат во подобри училишта, имаат поквалитетни медицински услуги и подобро се облекуваат од останатите луѓе. Дури дишат и поквалитетен воздух бидејќи дел од нив во своите домови поседуваат посебни уреди за прочистување на воздухот што значи дека, на пример, ако тие живеат во Шангај, нема да го вдишуваат смогот како и останатите 14 милиони жители на тој кинески град.

Начинот на живот на супербогатите Перети го опишува како херметички затворен балон и го споредува со заболените од ебола кои се наоѓаат во карантин во кој се добива добра нега и од каде се надгледува остатокот од надворешниот свет.

– Тие се чувствуваат како да се дел од тој свет, но животот го минуваат во неуверливо имитирање на нештата кои ги прават обичните луѓе, напиша Перети и додава дека сепак во овие луѓе постои и одредена доза на нормалност. Кога Перети го запрашал директорот на Air Asia Тони Фернандез што ќе прави после разговорот со него, тој му одговорил дека ќе подготвува ужина за своите деца.zak1-630x354

Новинарот го следел и еден од најбогатите Кинези Ванг Јианлин, кој е еден од првите бизнисмени во Кина кој поседува приватен авион. Неговата компанија се занимава со недвижнини, а поседува и ланец на кино сали. Кога не му е до разговор, Јианлин се однесува како да не разбира англиски јазик.

Новинарот на BBC сакал да дознае какви се милијардерите и милионерите и како луѓе.

– Нивното богатство ги направило да бидат сомничави и непристапни за другите луѓе, тоа ги дехуманизирало.

Кога станува збор за нивниот поглед на животот, Перети открива дека тие мислат дека се подобри од останатите и дека едноставно не ги толерираат човечките слабости. Тие веруваат дека се “господари на универзумот”.

– Дури и Бил Гејтс кој е познат како либерал и филантроп и кој финансира библиотеки и програма за вакцинирање во Африка, не може да сфати зошто секој не е толку одлучен за да успее во животот како и самите тие. Токму таа мантра “пливај или потони”, ја прифаќаат и властите ширум светот, така ги учат и децата во училиштата. Но, секако сите не можеме да бидеме бизнисмени. И токму поради тоа луѓето во Европа протестираат. Не само против сиромаштијата, туку и за да го реафирмираат принципот на хуманоста и човечноста, забележува Перети.

Во главите на богатите луѓе, тие не само што мислат дека се побогати од остатокот од светот, туку тие мислат и дека се подобри, тврди новинарот од BBC.

Сепак за богатите луѓе и не може одлучно да се каже дека се лоши. Тие се всушност аватари на нееднаквоста, но сепак, она човечкото во нив сака да се поврзе со остатокот од општеството. Но, колку и да се трудат, тие се и понатаму херметички се затворени во својот балон. Тие би сакале да бидат дел од обичниот свет, но единствено што тие прават е една обична пародија на животот од обичните луѓе, а токму тоа е и нивната трагедија. Секако, ова не значи и дека треба да ги жалиме.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1