Боинг во спасувачка мисија – и патниците со погледи кон океанот барале изгубенa едрилица (Видео)


Посадата на патничкиот авион Боинг 777  Ер Канада, побарала од патниците да погледнат кон океанот и да го побараат австралискиот едриличар.

Авионот кој летал на линијата Ванкувер – Сиднеј полетал за планираната рута и летал ниско над океанот со цел да помогне во потрагата за исчезнатиот австралиски едриличар, на кој му се скршил јарболот и му снемало гориво.


Едриличарот испратил повик за помош до австралиската крајбрежна стража, која приближно ја знаела неговата позиција, но за точното лоцирање им било потребна помош од воздух.

Тука на сцена стапил Боингот. Капетанот го спуштил авионот ниско прелетувајќи над океанот и ја смалил брзината, а патниците ги замолил да гледаат преку прозорите и да јават доколку ја забелажат едрилицата. Прв го забележал копилотот, кој благодарение на двогледот кој му го позајмил еден од патниците, успешно ја завршил спасувачката мисија.

Пилотите ја известиле крајбрежната стража за локацијата на едрилицата и дека 44 годишниот човек на неа е жив. Капетанот на Боингот Ендру Робертсон, вели дека патниците силно се возбудиле поради ваквата потрага. Едриличарот подоцна бил извлечен од страна на крајбрежната стража и за негова среќа од ваквата авантура излегол неповреден.

Освен канадскиот Боинг, австралиската контрола на летови, во потрагата се впуштила и Ербас А320 компанијата Ер Њу Зиланд, која летала од Окланд кон Сиднеј.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1