Лекарот и рекол дека е трудна – на денот на свадбата открила дека всушност тоа е рак (Фото)


Неколку часа пред венчавката, младата Луси Дафи, открила дека „бебето“ за кое што мислела дека го носи во утробата, всушност претставува канцероген тумор.

 

Ноќната мора започнала кога Луси се обидела да затрудни неколку месеци пред своето венчавање. Таа и Кирс се надевале дека тоа брзо ќе се случи, за да можат истото да го кажат во своите брачни завети. Се разбира нивната среќа била неизмерна, откако тестот за бременост и покажал на Луси дека е бремена, а и лекарот и потврдил дека е бремена по анализа на крвта.

Бременоста наводно ,,напредувала добро,, така и велеле, но неколку недели пред венчавката, Луси добила силни утрински мачнини и почуствувала силен умор. забележала и благо крварење, поради што загрижена за ,,бебето,, се обратила на својот лекар кој ја уверувал дека сите симптоми и се нормални и дека бременоста се движи во најдобар ред.

Но, потоа добила големото крварење се упатила во болница каде што ја снимиле.
На крајот лекарот ја прегледал снимката и бил шокиран – толку многу било итно што морал да и се јави на пациентката дома. И се јавил утрото пред свадбата, додека Луси завршувала со украсување на домот.

 

Лекарот и рекол дека му е жал и дека всушност нема никакво бебе и и го испратил извештајот дека има тумор и мора итно на операција.

„Поминавме речиси две години во планирање за тоа како ќе изгледа нашата венчавка. Никогаш не се ни посомневав дека нешто може да тргне наопаку, а сигурно не очекував дека ќе дознаам утрото пред венчавката, дека имам тумор“, изјавила Луси.

И покрај лошите вести кои ги добиле Луис и нејзиниот вереник Крис и двајцата се одлучиле да продолжат со венчавката и да не им кажат ништо на собраното семејство и пријателите.

За време на заветот и двајцата си ветиле дека ќе се сакаат и ќе се грижат еден за друг и во добро и во лошо, а Луси во тој момент заплакала, но сепак успеала да издржи, за да не почуствуваат останатите дека нешто не е во ред.

Во случајот со Луси се работела за лажна бременост, до која доаѓа кога два сперматозоиди, наместо еден, влегуваат во јајце клетката, што доаѓа до создавање на маса ќелии кои растат во матката.

Сепак им било дозволено да заминат барем на меден месец во Мексико, а веднаш по враќањето Луси ја започнала терапијата. Луси морала да оди на операција за да и ја отстранат масата која се насобрала, а ваквата состојба го зголемила бројот на хормони кои се причината за мачнините и уморот, симптоми кои што потсетуваат на оние кои ги имаат бремените жени.

 Луси во моментов се наоѓа на хемотерапија и има големи шанси да се опорави. Година дена по шокантното откритие, на Луси и е се подобро, а докторите имаат добри прогнози и се надеваат дека наскоро можат да и пренесат дека ракот целосно се има повлечено.
За некои шест месеци ќе може да се обиде повторно да забремени.

„Сите знаеме дека брачниот живот не е лесен. Но, кога на денот на венчавката ни рекоа дека имам рак, верувам дека сега се друго можеме да го пребродиме“, изјавила Луси.

Подоцна на интернет Луси открила за нејзината состојба во која предупредува до сите бремени жени да внимаваат на ваквата состојба, затоа што доколку дојде до лажна бременост, доаѓа до создавање на канцерогени ќелии, кои во приближно краток период се шират низ целото тело.

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1